Search

Заев ги посети новороденчињата најавените 16 инкубатори веке се доставени на ГАК

Душички мили, види ги колку се убави. Ова беа првите збориви на премиерот Заев кога денеска ги виде новороденчињата на скопски ГАК.

Душички мили, види ги колку се убави. Ова беа првите збориви на премиерот Зоран Заев кој со широко отворени очи и насмевка на лицето преку заштитните прозори ги гледаше новороденчињата кои се згрижени на Одделот за интензивна нега при скопската Клиника за гинекологија.

Заев заедно со директорката на клиниката д-р. Викторија Јовановска и директорот за маркетинг на Скопска Пивара, Ламбро Патче, прошетаа низ ходниците крај одделенијата каде се згрижени предвреме родените новороденчиња, дел од нив и близнаци. Токму на оваа клиника која се мачи да ги згрижи во инкубатори сите итни случаеви на новороденчиња, доби и специјална донација од Пивара, односно целосно опремување на еден од одделите.

– Најавените 16 инкубатори веќе се доставени на Клиниката за гинекологија во Скопје. Со оваа донација веруваме дека ќе придонесеме за квалитетот на грижата на предвреме родените новороденчиња. На другите клиники низ земјава ќе бидат доставени уште 10 инкубатори и тоа во општите болници во Штип, Тетово, Струга, Прилеп, Охрид, Куманово, Битола, Гостивар и Струмица како и на Клиниката за гинекологија во скопски Чаир. Наша најголем заложба е да се грижиме за најмалите уште од нивното раѓање. Грижата за нив е врвен наш приоритет. Македонија е земја со голема смртност на новороденчиња. Ако порано не се посветувало големо внимание на овој проблем, денеска ја користам приликата да ги повикам сите општествени чинители, граѓани, фирми и компании за да ја промениме оваа состојба. Се радувам што денеска имаме убав настан со Скопска Пивара, кадешто можеме да видиме општествено одговорна компанија донираше за унапредување на условите за Одделението за интензивна нега. Очекувам дека ова позитивна пракса ќе продолжи, а ние како Влада ќе ги мотивираме тие компании да продолжат со ваквите чекори – нагласи Заев.

Ламбро Патче од Пивара Скопје рече дека во пресрет на 17 ноември, Светски ден на предвремено родените деца, одлучиле целосно да го обноват Одделението за за перипартална интензивна нега на оваа клиника.

– Нашата донација се состои од најсовремени болнички кревети, медицинска опрема и мебел – рече Патче и најави уште еден проект преку кој ќе им помогнат полесно да ја надминат здравствената заштита и помош на мајките и дечињата.

Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство Викторија Јовановска се заблагодари за донацијата од Владата и од Пивара-Скопје и посочи дека просторот и натаму ќе остане горлив проблем, бидејќи згрижуваат редовно околу 50 дечиња, а имаат место и персонал за 25 деца.

– Благодарение на разбирањето на премиерот и Владата веќе се подготвува начин како да се растовари Клиниката. Со инкубаторите кои ги набавија и за другите центри ние ќе можеме да се растовариме, односно дечињата кои се извлечени од критична состојба ќе се препраќаат назад кон матичните центри и ние ќе можеме тука да згрижуваме повеќе дечиња – додаде Јовановска.

 Inkubatori (1).JPG

Inkubatori (1).JPG

Треба да знаете
Последни објави