Search

Заедничка седница на Владите на Македонија и Бугарија

Заедничка седница на Владите на Македонија и на Бугарија денеска во Струмица беше оценета како поставување на основа за соработка помеѓу двете земји. Премиерите Заев и Борисов ветија дека ќе соработуваат и на спроведување на реформите кои ќе ја забрзаат интеграцијата на Македонија во евроатлантските структури.

Европа е со нас, Европа мисли за овој регион. Реално сметам дека и моите колеги се убедени оти Балканот е одлично место со народи и одлични природни ресурси. И ова треба да го искористат. Мислам дека вашата перспектива кон ЕУ и НАТО е важна за Македонија. Тоа е ваш избор во кој ние не се мешаме. Ние секогаш сме тука да ви помогнеме.“ – изјави Бојко Борисов- премиер на Бугарија

Борисов дипломатски одговори на прашањето дали го признава македонскиот јазик како различен од бугарскиот. Заев пак, истакна дека билатералниот договор за добрососедство и соработка со Бугарија гарантира македонскиот јазик да не биде загрозен.

Пред малку, пред да влезам тука, се сретнавме со граѓаните на Струмица и се разбравме. Како што гледам, ниту еден од вас новинарите, ниту Македонци ниту Бугари не ги користи слушалките за превод и се разбираме. Што има поважно од тоа да се разбереме?“ – рече Бојко Борисов- премиер на Бугарија

Средбата меѓу Заев и Борисов започна во струмичкиот манастир Водоча, а двајцата положија и венци на споменикот на поранешниот претседател, Борис Трајковски. Во однос пак, на барањето на Синодот на МПЦ, Бугарската црква да ù ја признае автокефалноста и да ù стане мајка-црква, двајцата премиери изјавија дека не сакаат да се мешаат во работата на црквите, но ги охрабрија да бараат начин да ги решат отворените прашање. Инаку, двете владини делегации денеска во Струмица потпишаа и неколку договори за соработка. Беше истакната и важноста од целосна изградба на Коридорот 8 како проект кој би ја подобрил економската соработка меѓу двете земји и целиот регион.

Треба да знаете
Последни објави