Skip to main content
Скопје

Задутре ново прскање против ларви од комарци во Скопје

07/09/2026  09:55

Во среда, на 9 септември, ќе се спроведе уште една терестична дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на град Скопје.

Според известувањето од Секторот за комунални работи на Град Скопје, дезинсекцијата ќе се реализира на езерцата и каналите во Градскиот парк, како и на Смилковските Езера.

Ќе бидат опфатени вкупно 17 хектари површина.

Од Град Скопје ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.