
Полициските службеници во текот на изминатото деноноќие лишиле од слобода вкупно 24 возачи на територијата на целата држава поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Најголемиот дел од приведените, односно 19 лица, управувале возила без да поседуваат возачка дозвола. Од нив, петмина биле затекнати во Неготино, по четворица во Скопје и Струмица, двајца во Тетово, а по едно лице во Демир Капија, селото Дебреште, Кривогаштани и Штип.
Покрај тоа, тројца возачи биле лишени од слобода затоа што управувале возило под дејство на алкохол. Станува збор за случаи регистрирани во Тетово, Ресен и Велес.
Воедно, двајца возачи биле приведени на автопатот во гевгелискиот регион, откако биле затекнати како возат со брзина значително поголема од дозволената.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосното документирање на сите случаи против сторителите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Од МВР упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот строго да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, доколку им е изречена забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол, со цел заеднички да се придонесе за поголема безбедност на патиштата.
