Skip to main content
Хроника

Возел пијан и излетал од патот, млад охриѓанец тешко повреден

18/05/2026  14:40

На 18.05.2026 во 05:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„7 Ноември” во Охрид, патничко возило „цитроен” со охридски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(22) од Охрид,  изгубило контрола и излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо” Охрид.

При извршени проверки, било констатирано дека И.Р. го управува под дејство на алкохол, односно дека има 1,61 промили алкохол во крвта. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.