Skip to main content
Македонија

Правосудниот испит ќе се полага и на албански јазик, уверува Сали

18/05/2026  14:58

Прввиот вицепремиер во Владата, Беким Сали, денеска изјави дека правосудниот испит и сите други испити кои се поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик.

Оваа информација тој ја соопшти одговарајќи на пратеничко прашање од пратеничката Рина Ајдари од Европскиот фронт.

„Ова ќе го покажеме многу скоро пред јавноста“, изјави Сали, додавајќи: „За првпат централната власт го слушнала гласот на студентите и ќе го реши нивниот проблем еднаш засекогаш“.

Министерот Сали се осврна и на актуелните студентски протести, оценувајќи дека тие се легитимен израз на незадоволство и право на граѓаните, но посочи дека причините за нив се резултат на нерешени прашања од минатото.

„Тие не протестираат за Вреди, протестираат за Европскиот фронт и ДУИ која 22 години не постигна ниту една усогласеност на законот за јазиците“, рече Сали.