Skip to main content
Хроника

Возач во ЈСП бил натепан затоа што не пуштил патник да се качи надвор од станица

26/08/2026  15:00

На 25.08.2026 во 20:20 часот во СВР Скопје, С.С.(49) од Скопје, пријавил дека, додека извршувал работни задачи како возач на автобус на ЈСП Скопје, на автобуска станица на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице.

Според пријавеното, претходно лицето се обидело да влезе небезбедно во автобусот, односно додека бил во движење на булевар, но тој не застанал со автобусот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.