Skip to main content
Спорт

Нов медал за Македонија во Таранто: Боксерот Рустемовски со бронзен медал

26/08/2026  15:47

Ален Русетмовски загуби во денешниот полуфинален дуел во бокс на Медитранските игри.

Рустемовски во категоријата до 60 килограми загуби од Шпанецот Еварт Андрес Марин Хернандез на поени со вкупен резултат 1:4.

Сепак, и покрај поразот Рустемовски во Скопје доаѓа со бронзен медал затоа што во оваа категорија нема борби за трето место.

Со последниот медал на Ален, Македонија сега има вкупно пет медали, (две сребрени и три бронзени) од 20. Медитерански игри кои се одржуваат во Таранто Италија.