Skip to main content
Македонија

Во Собранието интервјуа на пријавените за член на ДКСК

05/05/2026  08:30

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе спроведе Интервју на пријавените кандидати по Одлуката за објавување на јавен оглас за избор на член на Државната комисија за спречување на корупцијата. Станува збор за повторен оглас, откако Комисијата одлучи по спроведените интервјуа по првиот оглас да не предложи нов член на ДКСК.