Skip to main content
Македонија

Во Собранието 14. пленарна сесија на Меѓународниот парламент за толеранција и мир

01/06/2026  09:08

Во македонското Собрание денеска ќе се одржи 14. пленарна сесија на Меѓународниот парламент за толеранција и мир на тема „Унапредување на толеранцијата и мирот: стратешката улога на парламентите во обликувањето и донесувањето политики за иднината“.

Предвидени се поздравни обараќања на претседателот на Собранието Африм Гаши, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, како и на претседателите на Глобалниот совет за толеранција и мир, Ахмед бин Мохамед Алџарван, и на Меѓународниот парламент за толеранција и мир, Џангранг Епаинете Сенде. Најавени се обраќање и на други претседатели и заменик-претседатели на парламенти и генерални секретари на меѓународни парламентарни собранија.

На финалната сесија треба да биде усвоена Скопска декларација на Меѓународниот парламент за толеранција и мир.