Skip to main content
Скопје

Во Скопската Зоолошка градина одбележан Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

23/03/2026  13:40

Градоначалникот на Град Скопје денеска присуствуваше на настанот организиран по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, кој се одржа во Скопската Зоолошка градина.
Настанот беше реализиран во соработка со здруженијата „Видлива поддршка” и „Трисомија 21″, при што беа засадени дрвца како симбол на животот, растот и надежта.

Град Скопје и понатаму останува посветен на унапредување на инклузивните политики и создавање средина во која различностите се прифаќаат како вредност, а не како пречка.
Преку вакви иницијативи, се зајакнува свеста за значењето на солидарноста, емпатијата и заедничката одговорност во градењето похумано и праведно општество за сите.