Skip to main content
Скопје

Потпишан договор за изградба на нова поликлиника во Бутел

23/03/2026  13:48

Ве известуваме дека денес (23 март 2026 год.) градоначалникот Дарко Костовски го потпиша договорот за изградба на нова поликлиника.

Градоначалникот изрази огромна благодарност на премиерот Христијан Мицкоски, за посветеноста и поддршката на Владата за реализација на капиталниот проект кој граѓаните го очекуваат со децении.

Новата поликлиника ќе биде изградена на местото на старата амбуланта и ќе обезбеди полесен и побрз пристап до здравствени услуги за сите граѓани. Во новиот објект ќе биде достапен пункт за итна медицинска помош, ноќна служба, РТГ кабинет со ехо, лабараторија и аптека.