Skip to main content
Македонија

Во несреќата за која ѝ се суди на Михаjлова загина 33-годишен жител на Љуботен

13/10/2026  09:08

Во сообраќајната несреќа за која пред Основниот суд во Кочани се води постапка против Ива Михаилова загина 33-годишниот Б.Д. од скопското село Љуботен, објави „Викимедиа“, потсетувајќи на настанот од 7 октомври 2025 година. Во несреќата беа повредени и други лица, меѓу кои и Михаилова.

Судирот се случи на експресниот пат Штип–Кочани, во близина на селото Горни Подлог. Михаилова е обвинета за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, а судската постапка сè уште трае.

Според обвинителството, таа возела со брзина поголема од дозволената и навлегла во спротивната коловозна лента. Одбраната го оспорува обвинението и се повикува на вештачења според кои другото возило навлегло во нејзината лента. Одговорноста за несреќата треба да ја утврди судот.

Случајот повторно предизвика јавни и институционални реакции откако Михаилова замина во Бугарија. Јавното обвинителство соопшти дека македонскиот и бугарскиот пасош ѝ биле одземени уште на 9 октомври 2025 година. Покрај тоа, ѝ биле определени забрана за преминување на државната граница со лична карта, забрана за напуштање на Кочани и обврска да се јавува кај службено лице.

Од обвинителството посочија дека ризикот од бегство бил една од клучните причини поради кои повеќепати давале негативно мислење за враќање на патните исправи.