
Во февруари годинава во однос на февруари лани потрошувачката на нафтени продукти е намалена за 10.3 проценти, информира Државниот завод за статистика.
Во тој период намалена е потрошувачката на природен гас, за 16,5 проценти, како резултат на намалената активност на когенеративните постојки.

Во февруари годинава во земјава вкупно се потрошени 700 715 мегават часови електрична енергија, 32.945 милиони нормални кубни метри природен гас, 245.790 тони јаглен и
75.103 тони нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бруто-домашното производство на електрична енергија изнесува 583 152 мегават часови и учествува со 83.2 проценти во бруто-домашната потрошувачка, а 99.9 проценти од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.


