Skip to main content
Македонија

Николоски: Фокусот на Владата е да изгради модерни транспортни коридори

24/04/2026  16:55

Македонија е силно посветена на изградбата на стратешки инфраструктурни проекти и на реализација на капитални инвестиции кои значат квалитетни транспортни конекции со целиот регион. Фокусот на Владата е да изгради модерни транспортни коридори преку кои ќе придонесеме за економски напредок во државата и севкупно на регионот, што е и основна цел на Стратегијата за Јадранско – Јонскиот регион. Подобра инфраструктура значи силна економија, истакнал денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на 20. конференција на Јадранско – Јонската иницијатива во Собранието. 

Како што информира Николоски на својот фејсбук профил, во обраќањето се осврнал и на активностите на Министерството за транспорт, како и на сите инвестиции на стратешките проекти како што е брзата пруга на Коридорот 10. 

-Потенцирав и за напредокот во изградбата на автопатите. Силно се работи на Коридорот 8, како и на поврзувањето на Прилеп и Битола, односно Коридорот 10д, наведува Николоски во објавата.