
Летовите кон и од Белгија денеска ќе биде прекинат од 14 часот по локално време поради штрајк на вработените во компанијата за контрола на воздушниот сообраќај „Скајс“.
Штрајкот на контролорите на воздушниот сообраќај синоќа веќе предизвика сериозни нарушувања во воздушниот транспорт. На аеродромот Шарлроа беа откажани 30 патнички летови, а на аеродромот во Лиеж беа погодени околу 40 товарни летови.
„Скајс“ потврди дека воздушниот сообраќај повторно ќе биде прекинат денеска попладне.
На аеродромот во Брисел околу 25 летови беа одложени за еден до два часа. Два авиона што летаа кон аеродромот Завентем беа пренасочени кон други аеродроми.
Пријавени се и прекини во карго операциите на Де-ха-ел на аеродромот во Брисел.
Вработените штрајкуваат поради условите под кои треба да се стави во функција новата дигитална контролна кула во Намур. Од следната година, центарот треба да ја преземе далечинската контрола на воздушниот сообраќај за контролните кули на аеродромите во Лиеж и Шарлроа, централизирајќи ги нивните операции.



