
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:
Филипче и СДС се тотално изгубени на политичката сцена, немаат политичка стратегија за државата, немаат визија, ниту пак план за развој на државата. Единствена политика која ја нудат Венко Филипче и СДС е слугувањето на официјална Софија и застапувањето на туѓи политички агенди.
Единствена политика која ја води СДС и Филипче и на која жестоко инсистира е внесувањето на Бугарите во Уставот и прокламирање на уставни измени многу повеќе и од барањата на Бугарија.
СДС и Филипче упорно избираат да бидат гласноговорници на политиките кои доааѓат однадвор а на штета на македонските национални интереси.
Филипче и раководството на СДС не ги штитат националните позиции, немаат црвени линии и не ги застапуваат интересите на граѓаните на Македонија.
Поданичкиот и капитулантски однос на СДС и Филипче е спротивен на расположението на граѓаните и е една од главните причини за континуираниот пад на довербата во СДС.
СДС нема никаков став кога станува збор за заштита на македонските интереси единствено нешто што му е важно на Филипче и СДС е како да дојдат на власт по било која цена па макар и на штета на националните интереси.
СДС и Филипче треба конечно да сфатат дека ниту една политичка кариера и ниту една партиска агенда не смеат да бидат поважни од државните и инационални интереси.
Се додека Филипче е најгласниот адвокат на Софија граѓаните ќе продолжат да ја испраќаат СДС во изолација, порази и на маргините на политичкиот спектар.


