Skip to main content
Економија

Оваа недела ќе се одржи 58. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

15/06/2026  10:29

На 18 јуни 2026 година (четврток), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 58. сесија на Клубот на истражувачите во просториите на Народната банка.   

На сесијата ќе биде презентиран трудот: „Поширок поглед врз стабилноста на банките: Дали нефункционалните кредити се значајни за земјите во развој?”, од авторите, проф. д-р Бесиме Зибери и д-р Артина Беџети Бафтијари.

По презентирањето на трудот e предвидена дискусија.

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија. Сесиите се од јавен карактер и фотографиите од настанот се објавуваат на веб страната на Народна банка и на профилите на социјалните мрежи.

Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.