Skip to main content
Македонија

ВЛЕН: Блерим Беџети и европските вредности, следната пародија од ДУИ

27/04/2026  14:12

Соопштение за јавност на ВЛЕН

ВЛЕН ја смета за несериозна и самосаботирачка денешната иницијатива на ДУИ, која повеќе наликува на сатирична пародија отколку на нешто што вреди сериозно да се разгледа.

ДУИ сериозно ја навредува ЕУ и Албанците кога Блерим Беџети зборува за европски вредности.
Го потсетуваме јавноста дека Блерим Беџети, како долгогодишен функционер на ДУИ, е синоним за политика спротивна на секоја европска вредност.

Како пратеник, како градоначалник и пред сè како министер за правда, Блерим Беџети предизвика непоправливи штети врз интересите на Албанците и проевропскиот имиџ на државата.

Тој ќе остане запаметен по крајната политизација на судството, по пазарењата „еден обвинител не нè носи во рајот”, по навредите и омаловажувањата кон Албанците и по другите скандали низ годините.
Затоа сметаме дека ДУИ се потсмева со јавноста кога се преправа дека е загрижена за евроинтеграциите, додека го избира Блерим Беџети како лик на својата „европска” агенда.

ВЛЕН нема намера да стане дел од оваа пародија. Европската интеграција бара сериозен и искрен пристап. Владата е фокусирана на Реформската агенда, која се спроведува со голем успех и признание од Брисел.