
Институт за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) денеска информираше дека согласно Одлуката на Владата, за нов директор на нивната институција избран бил Газменд Алиу за период од четири години.
„Со голема чест и задоволство го поздравуваме стапувањето на функцијата на новиот директор. Во следното поглавје на Институтот, сите заедно очекуваме добра соработка, континуитет во зајакнувањето на нашата улога во општеството и нови успеси во унапредувањето на улогата и важноста на нашата мисија и визија“, посочија од ИСРСМ.
Од таму изразија и благодарност до досегашниот директор Џеват Кицара, за кој велат дека несебично работел во промовирање и афирмирање на ИСРСМ.

