
Владата на Република Северна Македонија склучи договор со Друштво за маркетинг и консалтинг МАРКЕТ ВИСИОН ДООЕЛ Скопје за спроведување истражување на јавното мислење. Вредноста на договорот изнесува 371.674 евра, а неговото времетраење е две години или до исцрпување на средствата.
Компанијата ќе биде задолжена за:
• Осмислување и реализација на почетно истражување на национален репрезентативен примерок за проценка на јавното мислење во однос на владините политики и нивната ефикасност.
• Спроведување на осум квартални квантитативни истражувања (на секои три месеци) во текот на двегодишниот период.
Договорот предвидува следење на перцепцијата на граѓаните за владините мерки и политики, како и анализа на нивната ефективност во различни општествени области.
Погледни го договорот

