Skip to main content
Хроника

Уапсени две лица, палеле кабли кај Буково

18/09/2026  12:07

На 17.09.2026 во 19.30 часот на депонијата кај Буково, полициски службеници од СВР Охрид од слобода ги лишија Ф.А.(27) од Кавадарци, Е.И.(31) од Штип и Е.Н.(38) од Струга, постапувајќи по претходна пријава дека на депонијата запалиле поголема количина кабли.

Во близина на депонијата, полициските службеници забележале и товарно моторно возило „Ивеко” со струшки регистарски ознаки натоварено со кабли и друг материјал. По целосно документирање на настанот, против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 288 од Кривичниот законик – „предизвикување општа опасност”.