Skip to main content
Македонија

Владата нема намера да оди кон ЕУ, туку кон држави кои се недемократски, смета Пендаровски

01/06/2025  13:33

Оваа влада нема никаква намера да менува Устав, да ги става Бугарите или да оди кон Европа, тоа, внесот на Бугарите во Устав е единствен услов, порача екс претседателот Стево Пендаровски во интервју за Дојче Веле.

„Нашата влада, не случајно, бира една од 27 земји-членки на ЕУ, веројатно ќе следат и други две, која ја именува како стратешки економски партнер. Тоа е Унгарија. Можете да замислите какви се реалните амбиции за европско интегрирање на оваа влада кога имаме изјава дека од Орбан може многу да се научи. Тоа е човекот кој го измисли терминот „илиберална демократија“, се фали со тоа, и се дружи со слични на него во светот. И ние сега од тој човек ќе учиме?! Зошто ние не се обидеме да направиме стратешко партнерство со Германија? Еве Германија сега има конзервативна влада. Во ЕПП се заедно (со ВМРО-ДПМНЕ, н.з.). Значи намерата е да одиме кон држави, Трамп, кои се со антиевропски ставови, и кон држави во ЕУ кои се „црна овца“. Унгарија е држава од која ние треба да научиме многу, а за која започнува процедура за да и се одземе правото на глас во ЕУ. Што ќе научиме ние од нив?“ порача Пендаровски.