Skip to main content
Хроника

Денес и вчера лишени од слобода осум возачи за кривично дело –„безобѕирно управување со моторно возило”

01/06/2025  13:35

Денеска (01.06.) како и вчера во осум одвоени случаи полициски службеници од сообраќај остраниле и ги лишиле од слобода лицата С.З. (24) од Кочани А.О. (42) од Штип Т.Д. (53) од Делчево, М.Л. (55) од Ресен, Д.Т. (50) од Скопје, В.Б. (26) од Тетово, Е.К. (46) од Струга и В.М. (46). од Охрид, заради сторено кривично дело – „безобѕирно управување со возило” по член 297-а од КЗ на РСМ.

Денеска, пак, во 00.40 на улицата „Борис Кидрич” во Тетово лишен од слобода бил В.Б. од Тетово кој управувал патничко возило „Ауди” со измерени 1.79 промили алкохол во крвта. Исто така денеска, во 00.00 часот на автопатот Куманово-Скопје, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Т. од Скопје, кој што на истиот автопатот, управувајќи товарно возило „Тојота” предизивикал сообраќајна незгода помеѓу пет возила, во која нема повредени лица, а при преземените мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека имал 1,58 промили алкохол во крвта.

Полициски службеници од ОВР Кочани по истиот основ денеска околу 02.55 часот на улицата „Доктор Николиќ” во Кочани, полициски службеници го лишиле од слобода С.З. кој што управувал патничко возило „Фолксваген пасат” под дејство на алкохол, односно имал 1,89 промили алкохол во крвта. Во Штип, пак, на улицата „Кирил и Методиј” во 01.56 часот полициски службеници го лишиле од слобода А.О. кој што управувал патничко возило „Фолксваген голф” со измерени 1,68 промили алкохол во крвта, а во 02.15 часот на улицата „Крушевска” во Делчево,  полициски службеници го лишиле од слобода Т.Д. кој што возел патничко возило „Хонда” под дејство на алкохол, односно со измерени 1,71 промили алкохол во крвта.

И последниот денешен случај во 09.28 полициски службеници од ПС за БПС Тетово кај клучката Камењане на патот Тетово-Гостивар, го лишиле од слобода В.М, кој што управувал патничко возило „Пасат” со брзина, според радарското мерење, од 158 километри на час наспроти дозволените 80 километри на час. Против сите нив, по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.