
Српската Влада денеска соопшти дека седум месеци пред предвидениот рок – 100 земји го потврдиле своето присуство на Специјализираниот меѓународен саем Експо 2027.
Специјализираната меѓународна изложба Експо 2027 Белград, со тема „Игра(ј) за човештвото: Спорт и музика за сите“, ќе се одржи од 15 мај до 15 август 2027 година, со учество на повеќе од 120 земји, меѓународни организации и компании се нагласува во соопштение од Владата на Србија.
Се очекува Белград да привлече повеќе од четири милиони посетители за време на 93-дневниот настан.