
Метео анализа на Славчо Попоски:
За време на викендов во Македонија ќе имаме малку повисоки температури на воздухот и попријатни температури на воздухот. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Само локално ќе има услови за сосема слаб дожд, а на високите планини услови за сосема слабо провејување на снег.
Во Скопје и околината времето викендов ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер, претежно од северен правец.
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 8 степени, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени. Во Скопје температурата ќе се искачува до околу 12 степени.