Skip to main content
Магазин

Видеоигра која го разграничува аутизмот од АДХД

04/02/2025  12:05

Истражувачи од Институтот „Кенеди Кригер“ во Балтимор, САД и Универзитетот Нотингем Трент во Велика Британија развија едноминутна видеоигра со којашто може точно да се разграничат децата со аутизам од децата со состојбата на хиперактивно нарушување (АДХД) и со невротипичен развој.

Во испитувањето, на 183 деца на возраст од седум до 13 години им било побарано да имитираат движења на даден видеоаватар слични на танц во тек на една минута. Врз основа на тоа, децата со аутизам успешно се разликуваат од оние со невротипичен развој со 80 отсто точност, објави порталот „Сајтекдејли“ (SciTechDaily).

Исто така, врз основа на видеоиграта, аутизмот се разликува од АДХД со 70 отсто точност, пренесува Танјуг.

Истражувачите велат дека ова е посебен предизвик бидејќи АДХД и аутизмот често се јавуваат заедно.