
Времето во Македонија денеска, 25 октомври, ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а максималните температури ќе се движат од 17 до 22 Целзиусови степени.

Според прогнозата за недела, утринските температури ќе бидат во интервал од 6 до 12 степени. Врнежите ќе бидат локални, што значи дека не се очекува непрекинат дожд во сите делови од земјата.
Во Скопје и околината ќе преовладува променливо облачно време, со можност за повремен слаб до умерен дожд. Според најавата на метеопрогнозерот Славчо Попоски, утринската температура ќе биде околу 10 степени, а дневната ќе достигне меѓу 18 и 20 степени.
Од понеделник се очекува стабилизирање на времето, со сончеви периоди и помала облачност. Ќе дува северозападен ветер, кој во понеделник и вторник долж Повардарието повремено ќе биде засилен.

