Skip to main content
Скопје

(Видео) Трајановски даде јавен завет: Ќе поднесам оставка ако во првата година не ги започнам трите клучни проекти

27/10/2025  22:37

Во емисијата ,,Само вистина” кандидатот за градоначалник на општина Аеродром Александар Трајановски рече дека е подготвен да сноси лична одговорност ако во првата година не започне со реализација на според него клучните проекти.

,,Јас сум спремен пред сите граѓани што ме гледаат, да понудам оставка ако во првата година не почнам со реализација на една градинка, на општинската зграда и субвенциите за инвертер клими за граѓаните” рече Трајановски.

Потоа тој го праша неговиот противкандидат Дејан Митески дали би го сторил истото.