Skip to main content
Скопје

(Видео) Наместо по улица, автомобил вози по велосипедска патека

14/04/2025  17:42

Билтените на МВР секојдневно се полни со сообраќајни прекршоци, а чести се и тешките сообраќајни несреќи во кои страдаат луѓе.

Иако секојдневно се пишуваат илјадници казни, сепак сообраќајната култура во Скопје е на катастрофално ниско ниво.

Секој вози како што сака, паркира и застанува каде сака, а честа појава се и возачи кои наместо по коловозите, возат по тротоарите.

Денеска камерата на24инфо улови еден таков возач на мостот Гоце Делчев кој без проблем возеше по велосипедската патека се до објектот на Владата.