Skip to main content
Скопје

(Видео) Детски хор ја отпеа ,,Ој Вардаре македонски” пред ракометното дерби Вардар – Пелистер

07/06/2025  21:05

Ракометниот натпревар меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер започна со убави сцени. Дербито кое треба да ја реши шампионската трка во Суперлигата започна со детски хор. 

Дечиња од градинката „Росица“ од скопската населба Ѓорче Петров пред преполната сала „Јане Сандански“ ја испеаја песната „Ој Вардаре македонски“, а потоа им се приклучи целата публика предводена од навивачката група „Комити“. 

Настапот ги освои срцата на сите присутни.