
Некои возачи може да бидат агресивни, па затоа внимавајте кога поминувате улица. Ваков е одговорот на вештачката интелигенција („Чат ГПТ“) на прашањето дали е Македонија безбедна дестинација за патување.
Oценката е дека земјата е генерално безбедна за туристите, со ниска стапка на криминал, а насилството е ретко. Сепак, „Чат ГПТ“ препорачува, како и за секоја друга дестинација, да бидете внимателни.
Покрај сообраќајот, апликацијата ги предупредува туристите да избегнуваат протести и политички собири, како и да внимаваат да не им биде наплатено повеќе од она што е реална цена во такси возилата и маркетите.
Се додава и дека луѓето се гостопримливи и честопати подготвени да им помогнат на туристите, безбеден е за двојки, но да се избегнуваат изолирани области во текот на ноќта. Автобусите и такси-возилата се генерално безбедни, се додава во одговорот што го добивме.
Вештачката интелигенција препорачува да се посетат Скопје, Охрид, Маврово и Кратово.