Денеска во Скопје беше регистриран земјотрес со јачина од 2.5 степени според Рихтеровата скала. Според податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), епицентарот на потресот бил на 10 километри источно од центарот на градот, на длабочина од 8.2 километри.
Иако се работи за слаб земјотрес, граѓаните во делови од Скопје можеле да почувствуваат лесни вибрации. Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица.