Skip to main content
Македонија

Силјановска-Давкова: Вапцањето јајца е повеќе од традиција – тоа е семејна блискост

11/04/2026  17:38

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова упати порака до граѓаните по повод Велигден, нагласувајќи ја симболиката на традиционалните обичаи и нивното значење за заедништвото и духовноста.

Силјановска-Давкова посочи дека токму ваквите моменти на блискост и сплотеност ја отсликуваат суштината на празнувањето, повикувајќи на достоинство, смирение и љубов во пресрет на Христовото воскресение.

Таа ја заврши пораката со нагласување дека Велигден е време кога верниците со вера и надеж го очекуваат најголемиот христијански празник, носејќи пораки за обнова, мир и духовна сила.