Skip to main content
Македонија

Вечерва земјотрес ја потресе Македонија!

18/04/2026  23:40

Вечерва во 22:26 часот е регистриран слаб земјотрес во југоисточниот дел на Македонија, во близина на Дојранскиот регион.

Според достапните информации, потресот бил со јачина од 1,7 степени според Рихтеровата скала, што се смета за многу слаб земјотрес.

Епицентарот бил на длабочина од околу 10 километри, а засега нема информации за почувствувани вибрации или материјална штета.

Експертите посочуваат дека ваквите мали тектонски поместувања се честа појава во регионот и најчесто поминуваат без последици.