Skip to main content
Македонија

Денес температури до 24 степени

19/04/2026  08:09

Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец.

Во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно време. Од утре до среда ќе има локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а во вторник ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе бидат во опаѓање.