Skip to main content
Хроника

Вечерва прегазена и девојка кај „Сити мол“

09/05/2025  22:21

Кај „Сити мол“, денеска околу 18.40 часот автомобил прегазил девојче, но за среќа, без фатални последици.

„Во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Партизански Одреди” во Скопје патничко возило „мини морис” со скопски регистарски таблици, управувано од Л. Т. (19) од Скопје удрило во пешакот О.П.. По несреќата, пешакот е пренесен во ГОБ „8 Септември” за укажување лекарска помош. Во тек е увид“, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Булеварот „Партизански одреди“ е еден од најнебезбедните сообраќајници во Скопје и важи за црна точка.

Како што веќе објавивме вечерва се случи и уште една сообраќајна несреќа на Партизанска во Скопје во близина на “Симпо”.

Полициско возило го попречува движењето на две од три ленти на улицата, додека се врши увидот на лице место, па сега возачите можат да возат само по една сообраќајна лента и се создава сообраќаен хаос.

Засега не знаеме дали има повредени лица.

Апелираме на внимателно возење во овој дел од градот.