Skip to main content
Македонија

Василичарски оган запален под вода, во Охридското Езеро

14/01/2025  12:51

На уникатен и возбудлив начин, нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид ја одбележаа традиционалната прослава на Старата нова година.

Под водите на Охридското Езеро, тие организираа настан што ги спојува православните обичаи со магијата на нивната професија.

Нуркачите од „Амфора“ кај Музејот на вода на препознатлив и атрактивен начин го запалија василичарскиот оган под вода, симболично означувајќи го почетокот на Старата нова година.