Skip to main content
Хроника

Увидни екипи на терен во Волково – ќе се вршат обдукции, ќе се вештачи и оружјето

24/03/2025  13:16

Јавен обвинител, полициски и други увидни екипи вршат увид на лице место и ги преземаат сите дејствија за расчистување на настанот.

Издадена е наредба за обдукција на телата на двајцата починати.

Од лице место е подигнато оружјето кое ќе биде предмет на вештачење.

Ќе се вршат балистички и други вештачења со цел да се утврдат сите околности на настанот.