Skip to main content
Македонија

Едниот палел, другиот чувал стража – детали за опожарувањето на синагогата во Скопје

13/04/2026  15:51

МВР излезе со детали за обидот да се опожари синагогата во Скопје.

Оттаму додаваат дека веднаш по добиената пријава од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Две лица на мотоцикл застанале пред синагогата во Скопје рано наутро во неделата. Откако ја прескокнале оградата, едно од нив носело канистер со бензин, додека другото чувало стража. И двете лица носеле заштитни шлемови, кои ги користеле за маскирање,

Претходно, претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви, остро го осуди инцидентот, нагласувајќи дека ваквите дејствија не претставуваат само напад врз верски објект, туку и директен удар врз соживотот, достоинството и меѓусебната почит во македонското општество.