Skip to main content
Македонија

Утрото студено, а потоа сончево и топло

08/03/2025  08:05

Времето утрово постудено, а преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.

Во Скопје, сончево и топло со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Според прогнозата на УХМР, во наредите денови продолжува периодот на топло време за овој дел од годината. Од средината на новата работна седмица ќе има локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи и засилен јужен ветер.