Skip to main content
Балкан

Министерот за култура на Србија Селаковиќ, претепан во Белград

08/03/2025  00:03

Министерот за култура на Србија, Никола Селаковиќ, вечерва бил нападнат од непознати лица во Белград, во близина на Црвениот крст, каде што бил во посета на своите родители.

Според српските медиуми, Селаковиќ бил пресретнат пред зградата во која живеат неговите родители и физички нападнат. Министерот моментално е на лекарски преглед, каде што се утврдуваат степенот на повредите, по што ќе поднесе пријава во полиција.

Полицијата интензивно трага по напаѓачите, а мотивите за нападот засега се непознати.