Skip to main content
Балкан

Урагански ветер во Сплит од 120 километри на час урна дрвја и канделабри

24/12/2024  09:58

Пожарникарите во поширокото Сплитско подрачје отстранија бројни дрвја и гранки од патот, канделабри и се останато што беше срушено од ураганскиот ветер.

Веќе два дена невремето не стивнува во сплитско-далматинската жупанија, па пожарникарите на барање на граѓаните вршат бројни технички интервенции.

На шеталиштето Мажураниќ дрвото паднало врз паркирано возило и коловозот.

Во Жрновница на патот паднала канделабра.

Поради силниот ветер, кој според синоптичарите дувал и до 120 километри на час, дрвја и канделабри паднале и на патиштата на островот кај Сињ и Постиње Доњих кај Муќ.