Skip to main content
Македонија

Речиси 60 сантиметри снег има на скијачките центри – Снег на повеќе места ќе врне и понатаму, а во повеќето градови има и снежна покривка!

24/12/2024  09:49

Утрово на повеќе места во Македонија има снежна покривка, особено во повисоките населени места  и секако на скијачките центри и планините каде истата е значително зголемена. Во повеќето градови, особено во западните предели исто така има снежна покривка.

На табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени до 7 часот утринава по градови и места во Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР. Да напоменам дека температурите на Скијачките центри и на останатите планини насекаде се под нулата.

Понатаму се очекува понатаможно заладување на времето, повремено со засилен северен ветер (повремено и локално со брзина од над 60 км/час), а ќе има и повремени врнежи претежно од снег, од локален карактер.