Skip to main content
Хроника

Уапсени двајца охриѓани – краделе пари од црква

17/02/2025  12:57

Вчера во 16.10 часот во охридското село Опеница, полициски службеници од СВР Охрид ги приведoa Ш.С.(38) и С.Ш.(29), двајцата од Охрид.

MK Summit

Тие се сомничат дека претходно во црква во истото село извршиле кражба, при што одзеле пари.

По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.