
На 14.04.2025 година во 13 часот, во близина на хотелски комплекс на улицата „Наум Охридски” во Охрид, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи „Запад”, приведоа 13 албански државјани кои претходно, беа затекнати при изведување градежни активности, без да поседуваат соодветна дозвола за работа. Од преземените мерки, констатирано е дека тие, на 14.04.2025 година, оствариле легален влез во државата но, не поседувале соодветни одобренија и дозвола за привремен престој по основ на работа, согласно член 80 од Законот за странци. Тие немале ни сертификати кои биле обврзани да ги поседуваат согласно со предвидените норми за имплементацијата на Законот за ратификација на Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан. По целосно документирање на настанот, Регионалниот центар „Запад”, ќе поднесе соодветна пријава.