Skip to main content
Хроника

Уапсен скопјанец, од касата каде што работел зел над 40.000 евра

07/02/2026  12:36

На 06.02.2026 во 17:20 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.В.(35) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од 04.02.2026, дека  А.В. во временски период од 18.12.2025 до 04.02.2026 во продажно место на подрачјето на Бит Пазар,  каде бил вработен како менаџер, во повеќе наврати неовластено одзел пари од касата, при што на правниот субјект му нанел штета во износ од 2.783.867 денари.

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави по чл.239 „затајување“ и чл..235 „кражба“ од КЗ.