Skip to main content
Хроника

Уапсен скопјанец, фатен како презема дрога

08/11/2026  09:26

На 06.11.2026, во 20:30 часот во Скопје од страна на полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје по претходно добиени оперативни информации, забележано е патничко моторно возило „мазда 3“, со скопски регистарски ознаки, од кое излегло лицето кое го управувало и истото подигнало непознатата растителна материја, која била оставена покрај електричен столб. 

Од страна на полициските службеници му било пристапено, при што С.Б.(39) е лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.