
Полицијата вчера привела 44-годишен маж од Кавадарци кој со пиштол нападнал и повредил свој сограѓанин.
„Во два часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиле од слобода С.Б., на возраст од 44 години, постапувајќи по претходна пријава дека на улицата „Ѓорѓи Соколов“ во градот, по кратка расправија, физички го нападнал 32-годишниот Б.Ч. и го удирал со пиштол по главата“, велат од СВР – Велес.
Лицето било приведено во полициска станица, а пиштолот бил одземен. Јавен обвинител бил известен за случајот и против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.