Skip to main content
Балкан

Туристички агенции во Србија почнаа да наплаќаат доплати за гориво на патниците кои веќе уплатиле аранжмани

22/04/2026  10:20

Недостигот и растот на цените на керозинот донесоа хаос во работата на авиокомпаниите но и на тур операторите.

Додека Луфтханза и други компании најавуваат кратење летови и работни места, други вртоглаво ги зголемуваат цените на авио билетите.

Тоа, се рефлектира и на понудата на туристичките агнеции но и на трошоците на туристите кои на крајот ја плаќаат цената.

Туристичките агенции во Србија почнаа да наплаќаатт дополнителни трошоци за гориво на патниците кои веќе ги уплатиле аранжманите, предупреди Здружението на потрошувачи „Ефектива“.

Како што наведуваат, од вчера некои агенции веќе бараат дополнителни износи, кои засега достигнуваат околу 35 евра по патник, со можност за понатамошно зголемување.

„Како што и претходно предупредувавме, поради поскапувањето на керозинот, аранжманите ќе поскапат во делот на доплатата за авио-гориво, па некои агенции од вчера почнаа да издаваат барања за плаќање дополнителни 35 евра (засега) по патник. Според Законот за заштита на потрошувачите, дозволено е агенцијата да ја побара оваа доплата, но до 8% од вредноста на аранжманот. Тоа значи дека, ако аранжманот чини 1.000 евра, доплатата за гориво може да биде до 80 евра по патник, со што патникот мора да се согласи, односно не може да се откаже од патувањето. Постојат и други правила кои агенциите мора да ги почитуваат, а во претходните години не ги почитувале, па поради тоа добивале тужби и ги губеле тие спорови“ велаt од Здружението.

Според пишувањата на српските медиуми засега нема став од државните институции по однос на овие жалби.